Новак Ѓоковиќ нема дилеми кој е најдобар тенисер во историјата (Видео)

Пит Сампрас е тенискиот идол на Новак Ѓоковиќ, но кога го прашаа Србинот кој е најдобар на сите времиња, без да се смета себеси, Сампрас го смести на третото место, додека како број 1 го рангираше Рафаел Надал.

Кога требаше да каже број 1 од петте имиња кои му беа дадени на располагање, Новак без размислување рече Надал. За Роџер Федерер беше „утешното“ второ место, а својот актуелен тренер, Енди Мареј, Ѓоковиќ го рангира на петтата позиција.

Списокот на Новак Ѓоковиќ:
  1. Рафаел Надал
  2. Роџер Федерер
  3. Пит Сампрас
  4. Андре Агаси
  5. Енди Мареј

 

- Оглас -

Најнови вести