2.8 C
Skopje
понеделник, 16 февруари 2026

Новак Ѓоковиќ повторно објави порака со поддршка за Линдзи Вон: „Ти си …“ (Фото)

Една од најдобрите скијачки во историјата, Линдзи Вон, по четирите операции во Италија, ќе продолжи со рехабилитацијата во САД, но сега ја чека нова операција.

Американката објави видео на социјалните мрежи, а веднаш со коментар се јави најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ.

„Инспирација! Ти си херој.“ – напиша Србинот.

Линдзи Вон иако повредена, сепак, одлучи да учествува на Олимписките игри во Милано и Кортина, но доживеа тежок пад на спустот, по кој мораше да биде хоспитализирана со хелихоптер, а тоа значеше и крај на нејзината кариера.

- Оглас -

Најнови вести