Новак Ѓоковиќ рутински до четвртфинале против Циципас на ЛОИ

Новак Ѓоковиќ со максимални 2-0 го совлада германски тенисер, Доминик Кепфер, и обезбеди пласман во четвртфиналето на Олимпијадата во Париз. Србинот одлично го започна мечот и веќе во четвртиот гејм го направи првиот брејк, после кој сите мислеа дека ќе биде лесно и рутински ќе го добие првиот сет. Сепак, така не мислеше германецот, кој веднаш во следниот гејм со рибрејк се врати во игра.

Брејкот кој значеше и водство од 1-0 во сетови за Ѓоковиќ дојде во последниот, 12-ти, гејм за 7-5 во првиот сет. Во вториот сет беше далеку полесно за српскиот тенисер. Ѓоковиќ уште на стартот, односно во вториот гејм направи брејк, а потоа успеа и да го одбрани својот за водство од 3-0, што значеше и рутинска завршница на мечот. До крајот на вториот сет и двајцата тенисери успеаја да го одбранат својот сервис за конечни 6-3 и победа од 2-0 на српскиот тенисер.

Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето на Олимписките игри за противник ќе го има гркот, Стефанос Циципас, кој со максимални 2-0 го совлада аргентинскиот тенисер, Себастијан Баес.

- Оглас -

Најнови вести