Најуспешниот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, ги разочара навивачите со одлуката да се повлече од настапот на првиот турнир во новата 2026 година. Србинот нема да игра на АТП турнирот во Аделајд, кој е еден вид на предигра за првиот Грен слем турнир оваа година, Австралија опен.
„Многу сум разочаран, бидејќи имам одлични спомени од освојувањето на титулата пред две години. Бев навистина возбуден дека ќе се вратам тука. Се чувствував како да играм дома. Фокусот ми е на подготовките за Австралија опен и сега сум насочен кон Мелбурн. Таму ќе се сретнам со сите навивачи од Австралија.“ – рече Ѓоковиќ.
Турнирот во Аделајд ќе се игра во периодот од 12-ти до 17-ти јануари, а Австралија опен започнува на 18-ти месецов.

