Тенискиот светски рекет број 1, Новак Ѓоковиќ, го почна учеството на ревијалниот дел на „Рајдер купот“ во голф, кој годинава се одржува во италијанската престолнина Рим.
Ѓоковиќ е дел од олстар-тимот и не ја пропушти приликата да се забавува заедно со публиката. Првото шоу го направи кога намерно не го погодуваше топчето кога публиката му даваше поддршка, а потоа палката ја замени со тениски рекет и проба со рекетот да игра голф.
https://twitter.com/i/status/1706992490153214022