Новак си призна: Корда беше поблиску до победата од мене

Новак Ѓоковиќ со многу комплименти ја пофали играта на Себастијан Корда, откако во неизвесен и тежок меч што траеше 3 часа и 11 минути го победи Американецот со пресврт со 6:7, 7:6, 6:4 и ја освои титулата на АТП турнирот во Аделаида.

„Признавам дека Корда беше поблиску до победа од мене. Не искористи меч топка, но како игра сигурен сум дека ќе биде постојано во иднина ќе биде во топ-10“ рече Ѓоковиќ во победничкиот говор.

Тој покажа и знаци на голема нервоза, откако го загуби првиот сет со 8-10 во поени во тај-брејк, па дури го избрка братот Марко од местото каде беше сместен неговиот стручен штаб.

„Денеска на моментни не бев добар кон моите луѓе и му благодарам на мојот тим што ме поддржува и во такви моменти. Особено му благодарам на брат ми Марко што истрпе вербален напад и реагираше мирно.

И благодарам и на публиката. Ретко се игра во странство пред вакви навивачи што направија спектакуларна атмосфера и да се чуствувам како да играм дома“ додаде Новак.

Србинот ја продолжи импресивната серија победи на австралиска почва и сега има 34, а е без пораз пет години по ред.

Го освои 92-от пехар на АТП турнирите со што се израмни со Рафал Надал, а пред нив се само Џими Конорс со 109 трофеи, Роџер Федерер со 103 и Иван Лендл со 94.

- Оглас -

Најнови вести