Новата надеж на Тотенхем ќе добие 15 пати поголема плата

Џафет Танганга е дефанзивец кој до пред неколку недели беше дел до резервниот тим на Тотенхем. Сепак, по повредата на Бен Дејвис и лошата форма на Рајан Сесињон, тренерот на лондонскиот тим, Жозе Мурињо, реши во „оган“ да го пушти 20-годишниот Португалец.

Мурињо бил јасен и го прашал Танганга дали би се плашел да заигра за Тотенхем, и тоа во дуел против Ливерпул. Младиот играч полн со самодоверба одлучил дека е подготвен да го прифати предизвикот. Дебито на Танганга беше токму на мечот против Ливерпул во Лондон.

Тотенхем одигра добар меч, но загуби минимално со 1:0, а Танганга ги задоволи очекувањата на Мурињо. По дебито, дефанзивецот одигра уште три средби за Тотенхем, а единствено на клупата за резерви остана во мечот против Норвич.

Актуелниот договор на Танганга е до крајот на годината, но во Тотенхем најавуваат дека е само формалност кога ќе му се продолжи соработката. Моментно тој заработува само по 1.000 фунти неделно, а со новиот договор се очекува платата да му биде 15.000 фунти неделно, сума која со евентуалните бонуси може да достигне и до 20.000 фунти.

 

- Оглас -

Најнови вести