Марк Гују е новата фудбалска тинејџерска ѕвезда на Барселона, но и на европскиот фудбал. Тинејџерот кој има само 17 години, синоќа доби шанса да дебитира во сениорскиот тим на Барселона и тоа го направи на најдобар можен начин.
Само 23 секунди откако влезе на теренот, Гују постигна гол со кој Барселона поведе со 1:0 и на крајот триумфираше со тој резултат против Атлетик Билбао.
„Само сакам да им порачам на сите млади момци од Ла Масија да продолжат со напорна работа и да сонуваат. Нема откажување“, беше пораката на момчето кое потекнува од славната школа на Барселона.
Со постигнувањето на голот, Гују стана светски славен, што се потврдува и со вртоглавиот раст на неговата популарност на социјалните мрежи. Пред да го постигне голот за победа на Барселона, Гују на социјалната мрежа Инстаграм го следеле само 34.000 луѓе. Сега, нецели 24 часа по постигнување на голот за победа, Гују на Инстаграм има релиси 700.000 следбеници.
Според некои статистики, ваков раст на популарноста на еден фудбалер немало од времето кога се појави Ерлинг Халанд и постигна девт голови на еден натпревар.