Реал Мадрид соопшти дека Давид Алаба е позитивен на ковид-19 по последните тестирања во клубот. Новата ѕвезда на Кралевите ќе мора да помине одреден период во самоизолација пред да продолжи со подготовките со екипата во пресрет на новата сезона.
Многу веројатно австрискиот дефанзивец ќе ја пропушти контролката против Милан закажана на 8 август, односно своето деби ќе може да го оствари дури во првото коло од Ла Лига, во кое Реал на 14 август гостува кај Алавес.
Кралевите пред три дена ги одмерија силите против Ренџерс и загубија, но Алаба не беше во составот на Карло Анчелоти. Инаку, пред пет дена беше потврдено дека и Карим Бензема е позитивен на корона-вирус, но искусниот напаѓач наскоро треба да се врати во тренажен процес.
Official Announcement: Alaba.#RealMadrid
— Real Madrid C.F. 🇬🇧🇺🇸 (@realmadriden) July 28, 2021