Вечерва своите први мечеви од четвртфиналето на Евролигата ќе ги одиграат Монако против Фенербахче и Барселона со Олимпијакос.
Според квотите во Sport Life, фаворити на хартија се домашните екипи, но тоа не значи дека сигурно ќе победат, доказ е синоќешната победа на Макаби Тел Авив на гостински терен против Панатинаикос.
Барса во регуларната сезона двапати го победи Олимпијакос (еднаш во јануари годинава, еднаш лани во октомври), но грчкиот тим со 10 победи во последните 11 кола ја затвори сезоната, а им се врати и центарот Никола Милутинов. Отсуството на искусното крило Папаниколау може да биде проблем на гостите.
Монако е домаќин и тоа му е главна предност, но Фенербахче е клуб кој бил и европски првак, знаат како да победуваат на вакви значајни натпревари. Монако лани играше на фајнал-фор, но се очекува да биде неизвесна серија во која домашниот терен може да биде голема предност. Во регуларната сезона по еднаш победија и едните и другите.
Многу ѕвезди ќе продефилираат на паркетите во салите во Монако и Барселона, па може и да се обложите на нив колку поени ќе имаат, колку скокови, колку асистенции. Мајк Џејмс од Монако, Ник Калатес од Фенербахче, Томаш Саторански од Барса и Најџел Вилијамс-Гос од Олимпијакос ги има во сите три категории, а се брои и учинокот во евентуално продолжение.