Освојувачот на Златната топка од пред две години, Родри, ќе биде надвор од терените и оваа седмица откако Пеп Гвардиола изјави дека Шпанецот повторно е повреден. Дваесет и деветгодишниот фудбалер пропушти поголем дел од минатата сезона поради повреда на коленото, а сега има проблеми со тетивата.
Родри се повреди на првенствениот меч против Брентфорд, а очекувањата беа дека тој ќе се врати за дуелите против Виљареал од Лигата на шампионите и Астон вила во Премиер лигата, но тоа нема да се случи.
Од изјавата на Гвардиола не може да се заклучи дали Родри ја обновил повредата на тетивата или неговата рехабилитација се пролонгира, но јасно е дека Шпанецот ќе биде надвор од фудбалските терени најмалку уште една седмица.