Репрезентацијата на Германија изби во прв план како главен фаворит за освојување на титулата на кошаркарскиот Евробаскет.
Шокантните елиминации на Србија и Франција, ја олеснува работата на светските прваци, но се покажа дека никој фаворит не е сигурен. На Германците им претстои потенцијално незгодно четвртфинале со Словенија предводена од Лука Дончиќ, иако според квотите, тоа треба да биде зицер и чиста победа на Германија.
Новите квоти во Sport Life за нов европски првак, велат дека прв кандидат за титулата е Германија, втор е Турција, па Грција. За другите пет селекции кои останаа во трка, квотите се огромни, над 25.0. Најмали шанси им се даваат на Полјаците.