35.8 C
Skopje
недела, 27 јули 2025

Нови квоти за освојувач на ЛШ: Сега Интер има поголеми шанси од Реал Мадрид (Фото)

По првите полуфинални мечеви од фудбалската Лига на шампиони, обложувалницата Sport Life ги објави новите квоти за освојувач на ЛШ и очекувано, падна квотата за Интер дека ќе биде европски првак, но Манчестер сити и понатаму е прв фаворит за освојување на трофејот.

Квотата за Сити сега е 1.70, а втор фаворит стана Интер, на кого му се насмевнува финале. Квотата за Интер е 4.20, додека за бранителот на трофејот Реал Мадрид е 5.30. Реал не е отпишан, но ќе има тешка задача до финалето да се пробие со победа на гости кај Сити. На Милан му се даваат најмали шанси, по синоќешниот пораз на Росонерите, сега коефициентот дека тие ќе ја освојат ЛШ е дури 29.0.

Интер веќе е виден во финалето, квотата дека ќе го елиминираат Милан е само 1.03, додека за пласман на Милан во финалето квотата е 15.0. И Граѓаните се големи фаворити против Кралскиот клуб. Квотата за Сити е 1.28, ако мислите дека Реал ќе биде финалист, искористете ја примамливата квота од 3.50.

 

- Оглас -

Најнови вести