Златната топка крена голема прашина во светската фудбалска јавност и тоа, пред сè, поради одлуката на Реал Мадрид да ја бојкотира манифестацијата откако дознале дека Винисиус нема да биде освојувач.
Во гласањето учествуваат по еден новинар од секоја земја членка на ФИФА, а претставникот на Салвадор, Бруно Порцио, кој инаку е Аргентинец, на Винисиус не му даде ниту еден бод, односно воопшто не го стави на списокот од 10 најдобри фудбалери.
„Винисиус е играч кој не е пример за ферплеј однесување кон противниците. Освен тоа, едностран е, не е доволно вклучен во играта на екипата. Дури и ако имаше добри моменти, како голот во финалето на Лигата на шампионите, мислам дека не е доволно развиен играч кој може да ја освои Златната топка. Едноставно, тој не е играч кој ме импресионира, некомплетен фудбалер кој не е меѓу најдобрите 10 во Европа“, вели Порцио.
😯El PERIODISTA (Bruno Porzio) que no metió a VINICIUS en el TOP 10 lo EXPLICA:
❌"NO es un ejemplo de FAIR PLAY".
😅"Para haberlo puesto 7 u 8, mejor NO lo pongo". pic.twitter.com/2CdhluVFMe
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) October 29, 2024
Аргентинецот беше запрашан дали е „хејтер“ на Реал Мадрид, па затоа не му дал ниту бод на Винисиус.
„Тоа е бесмислено. Па играчите на Реал ми се на прво (Белингам) и на трето (Крос) место. Родри ми е дури седми во изборот. Зошто? Не отиде предалеку во Лигата на шампионите, а Шпанија го освои Европското првенство на нечесен начин, со недосуден пенал за Германија во полуфиналето“, додава аргентинскиот новинар.
Тој имаше објаснување и за својата одлука на првото место да го стави Белингам.
„Дојде во Реал само со 20 години и веднаш ја доби ‘петката’ на Зидан. Веднаш стана главен играч на екипата, стрелец и асистент на одлучувачки голови. Освен тоа, ја донесе Англија до финалето на Европското првенство и за мене нема сомнеж дека беше најдобар минатата сезона“, вели Бруно Порцио.