Лионел Меси останува верен на Интер Мајами и во следните тр сезони. Тоа значи дека новиот договор го обврзува Аргентинецот да остане да игра во Интер до декември 2028 година, кога веќе ќе има и 41 година..
„Многу ме радува што останувам тука и што продолжувам со овој проект кој, покрај тоа што е сон, стана прекрасна реалност – играње на овој стадион, на Мајами Фридом Парк. Откако пристигнав во Мајами, бев многу среќен, па затоа сум навистина среќен што продолжувам тука“, рече Меси.
Овој нов тригодишен договор на Меси некои го протолкуваа со фактот дека и Лионел Меси може да се подготвува да стигне до 1.000 голови во кариерата. Меси моментално има постигнато 889 голови, а зад себе има 399 асистенции за погодок.
Тоа значи дека ако Меси продолжи во ист ритам и по сезона постигнува барем 35 погодоци, ќе може да стигне до бројката од 1.000 голови во кариерата, а секако ќе стигне до 400 асистенции.

