Новиот дрес на Реал е фантастичен (фото)

Реал Мадрид го претстави новиот домашен дрес за сезоната 2021/22, а дизајнот на „Адидас“ изгледа фанстастично.

Речиси по седум години, повторно се забележува портокалова боја на белиот дрес, а последниот пат кога оваа боја беше меѓу нијансите, Кралевите ја освоија 10-тата титула во Лигата на шампионите.

Тоа беше во сезоната 2013/14 со Карло Анчелоти на клупата, а токму Италијанецот денес се наметна како кандидат за преземање на клупата која остана празна по заминувањето на Зидан. Случајност или нешто повеќе?

- Оглас -

Најнови вести