27.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Новиот голман на Валенсија: Димитриевски е одличен, имаме многу добар однос

Хулен Агирезабала ја одржа првата прес-конференција како голман на Валенсија.

Тој даде изјава и за односот со Столе Димитриевски со кого ќе се борат за стартно место.

„Имавме неколку тренинзи. Мислам дека е многу здрава конкуренција. Односот од самиот почеток е многу добар. Сите работиме за да му помогнеме на тимот. Димитриевски е одличен голман, тој го покажа тоа во текот на целата своја кариера. Беше многу важен голман во Рајо Ваљекано, бранеше добро и во Валенсија. Но, ова е елитата, а за да играш, мора да дадеш 100 проценти“, рече Агирезабала кој пристигна на позајмица од Атлетик Билбао.

Освен со Димитриевски ќе се натпреварува и со Кристијан Риверо кој е трети голман.

- Оглас -

Најнови вести