Зајон Вилијамсон очекувано е избран за прв пик на НБА-драфтот. Њу Орлеанс имаше право прв да одбере и се реши за ниското крило од колеџот Дјук. Вилијамсон е играч кој блесна во дресот на Дјук и беше најголема средношколска ѕвезда уште од времето на Леброн Џејмс.
Многумина го споредуваат Вилијамсон со Џејмс поради неговата физичка сила. Висок е 201 сантиметар, а тежи речиси 130 килограми, но тоа воопшто не му пречи да блеска на теренот.
With the 1st pick of the @NBADraft, the @PelicansNBA select @Zionwilliamson!#NBADraft 2019 presented by State Farm pic.twitter.com/oGm365qGF7
— NBA (@NBA) June 20, 2019
Џа Морант како втор пик на драфот заминува во тимот на Мемфис, додека Ај Џеј Берет е трет пик и тој ќе игра за Њујорк никс.
Најдобро рангиран неамерикански играч е Руи Хачимура. Црномурестиот Јапонец е избран како деветти пик, и тоа од тимот на Вашингтон визардс.