9.8 C
Skopje
вторник, 25 ноември 2025

Новиот Македонец со 13 поени против Баерн Минхен ќе очекува деби за Македонија

Кошаркарите на Валенсија забележаа убедлива победа од 90-67 над Баерн Минхен во Евролигата, а новиот Македонец, Омари Мур, во триумфот учествуваше со 13 поени, со што беше на делба на втората позиција по бројот на поени.

Бадио беше најефикасен со 16 поени, додека Мур и Монтеро уфрлија по 13. Освен 13-те поени, новиот македонски репрезентативец имаше и пет скока и три асистенции за речиси 24 минути на паркетот.

Претходно и селекторот, Марјан Илиевски, најави дека Мур ќе се приклучи на репрезентацијата во среда, а дури потоа ќе одлучи дали тој или Џејкоб Вајли ќе играат на дуелот против Азербејџан во четврток.

Резултати – Евролига:

Дубаи – Париз 90-89
Фенербахче – Виртус Болоња 66-64
Хапоел Тел-Авив – Реал Мадрид 74-75
Жалгирис – Басконија 82-67
Панатинаикос – Партизан 91-69
Валенсија – Баерн Минхен 90-67

- Оглас -

Најнови вести