15.8 C
Skopje
недела, 14 септември 2025

Новиот прволигаш Беса доведе големо засилување

Новиот фудбалски прволигаш Беса доведе уште едно квалитетно засилување во пресрет на премиерната сезона во Првата лига. Нов играч на тимот кој лани ја освои титулата во второлигашка конкуренција е Адама Самаке, интернационалец од Брегот на Слоновката Коска.

Овој играч за врска минатата сезона ја одигра во дресот на Македонија ЃП.

Беса претходно ангажираше неколку проверени имиња како Костадин Захов, Горан Силјановски и Меџит Незири, a денеска беше промовиран и Австриецот Адем Драгановиќ.

- Оглас -

Најнови вести