Јасно е дека Данска е фаворит во баражот против Македонија, не само поради рејтингот, туку и поради фактот дека ќе игра на домашен терен. Новиот селектор, Гоце Седлоски, најавува срце на терен и максимум од сите кои ќе настапат.
„Данска е врвна селекција со многу квалитетни играчи. Тие се во улога на фаворити, но сепак тоа е еден меч, ќе дадеме максимум. Да оставиме срце на терен и ќе се обидеме да изненадиме. Мора да го зголемиме темпото, да биде 20-30 отсто посилно.“
Македонија за дуелот против Данска можеби ќе биде засилена со искусните Стефан Ристовски, Аријан Адеми и Бобан Николов, кои извесен период не играа за Македонија. Седлоски најави дека ќе разговара со нив и доколку прифатат да се вратат, тогаш ќе бидат дел од националната селекција.
„Ќе разговарам со Стефан Ристовски, Аријан Адеми и Бобан Николов. Секако дека секој квалитетен играч е добродојден во национаониот тим.“
Што се однесува до тактиката, Седлоски најавува офанзивна Македонија.
„Како играч сум бил дефанзивец, но како тренер моја филозофија е никогаш да не се бранам и ќе играме офанзивно.“

