25.8 C
Skopje
понеделник, 21 јули 2025

Новиот сопственик на Манчестер јунајтед воведе пет строги правила за идната сезона

Сер Џим Ретклиф пред крајот на минатата година го купи управувачкиот пакет акции на Манчестер јунајтед и колку-толку ја спаси сезоната со освојувањето на ФА купот и тоа против градскиот ривал Манчестер сити.

Сепак, и покрај освојувањето на трофејот, сè погласни се шпекулациите дека Ерик тен Хаг нема да ги предводи Црвените ѓаволи следната сезона, а раководството на клубот веќе е во потрага по нов тренер.

Во пресрет на новата сезона, Ретклиф воведе пет правила кои треба да се почитуваат во иднина.

– Новите фудбалери не смее да бидат постари од 25 години.
– Нема да има „галактикоси“, односно скапи ѕвезди.
– Стилот на игра ќе го одреди техничкиот директор Џејсон Вилкокс.
– Тренерот ќе се прашува на која позиција му е потребен фудбалер, а не кој фудбалер да биде купен.
– Тренерот ќе добие список од тројца фудбалери на таа позиција, а потоа ќе го одбере оној којшто го сака во екипата.

- Оглас -

Најнови вести