Пари Сен Жермен го промовираше Норди Мукиеле од Лајпциг по комплетирање на трансферот вреден 12 милиони евра.
Фудбалерот роден во Париз потпиша петгодишен договор и тој е трет нов играч на Светците за ова лето, по Витиња и Екитике.
https://twitter.com/PSG_inside/status/1551949301445689346
Мукиеле во изминатите неколку сезони имаше прилика да игра против ПСЖ во Лигата на шампионите, се сретнаа во полуфиналето од сезоната 2019/20. Исто како член и на Монпелје, беше противник на францускиот шампион, но сега флексибилниот дефанзивец доби прилика да освојува трофеи со еден од најбогатите клубови во светот.