Според медиумите од Островот, договорот помеѓу Манчестер јунајтед и Рубен Аморим веќе е постигнат и сега се очекува само официјалното претставување на португалскиот тренер.
Навивачите со нетрпение го очекуваат и во него гледаат спас од катастрофата која им се случи со Ерик тен Хаг, кој конечно си замина од „Олд Трафорд“, а португалскиот тренер со себе се чини дека ќе донесе и големо засилување.
Шведскиот напаѓач Виктор Ѓекереш игра фантастично со дресот на Спортинг Лисабон под водство токму на Рубен Аморим, па очекувањата се дека фудбалерот сега во пакет ќе се пресели во редовите на Црвените ѓаволи.
Спортинг го плати само 20 милиони евра, а сега минималната сума за која ќе го ослободат во јануари е 100 милиони евра.