14.8 C
Skopje
петок, 24 октомври 2025

Новиот тренер на Нотингам форест донесе позитивна промена

Премиерлигашот Нотингам форест славеше со 2-0 против Порто во дуел од Лига Европа, и конечно ја прекина серијата од 10 натпревари по ред без победа во сите натпреварувања.

Шон Дајш кој дојде на местото на Анге Постекоглу, имаше успешно деби на клупата, а двата гола против Порто паднаа од пенали, со тоа што реализатори беа двајца различни играчи, додека лошата вест за Шумарите е само повредата на Зинченко.

Вечерва во ЛЕ имаше неколку изненадувачки резултати, Лил загуби дома од ПАОК со 3-4 во меч на кој Грците водеа 3-0 по прво полувреме, а во 98-ма на Лил му беше поништен гол за 4-4. Рома на „Олимпико“ загуби 1-2 од Викторија Плзен, додека Динамо Загреб во 96-та минута се спаси од пораз на гости против Малме.

После три кола, по максимални 9 бода во ЛЕ имаат само Митјиланд, Брага и Лион.

- Оглас -

Најнови вести