14.8 C
Skopje
петок, 12 септември 2025

Новиот тренер на Пелистер, но и ЕХФ фасцинирани од атмосферата во Битола (Видео)

Македонскиот ракометен првак Еурофарм Пелистер на најдобар начин ја започна новата сезона во Лигата на шампионите. Битолчани на свој терен го победија Загреб со 25:23. Ова е прв триумф на Пелистер во седмото соочување со хрватскиот гигант.

По мечот, новиот тренер на Пелистер, Рубен Аренас Гарабаја, посебно ја истакна одличната атмосфера која ја создадоа навивачите на зелено-белите.

„Многу луѓе ми зборуваа за атмосферата тука, ама додека не ја почувствуваш лично – не знаеш каква е магијата во оваа сала. Многу е лесно да се игра тука со ваква поддршка. Не требаше да бидеме во таква позиција на крајот од средбата. Многу е важно да победуваме во натпреварите кои се клучни за нас во групата. Знаеме дека ова не е нашето најдобро ниво, можеме многу да напредуваме и фокусирани сме на тоа. Мораме да размислуваме од натпревар во натпревар, следен е ПСЖ, но секогаш мора да уживаме и во победата. Вечерва уживаме, ама веќе од утре се фокусираме на дуелот во Париз. Имаме натпревар од домашното првенство, а и таму секој е важен и мора да ја исполниме задачата“, рече Гарабаја по вчерашниот триумф.

Дури и на ЕХФ профилот на социјалните мрежи беше истакната одличната атмосфера која се создава во салата во Битола.

- Оглас -

Најнови вести