Австралискиот тренер со грчко потекло, Анге Постекоглу, минатата сезона ја освои Лигата на Европа со Тотенхем, но потоа си замина, а нов ангажман пронајде пред помалку од еден месец.
Постекоглу седна на клупата на Нотингам форест, за само за еден месец успеа да сруши негативен рекорд стар 100 години. Тој е првиот тренер на Шумарите кој не успеал да победи ниту еднаш на првите шест меча откако е назначен.
Џон Бејнс во 1925 година немал победа на првите седум меча откако бил назначен, но потоа останал тренер на Нотингам уште четири години.
Постекоглу во Премиер лигата загуби од Арсенал и Сандерленд, а играше нерешено против Барнли. Во Лига купот испадна од Свонси, а во Лигата на Европа ремизираше против Бетис и загуби дома од Митјиланд.