19.8 C
Skopje
среда, 17 септември 2025

Новиот турски прволигаш доведе играч директно од Милан

Карагумрук, кој летово се избори за пласман во турската Суперлига, ги изненади своите навивачи откако потврди дека нивен нов играч е Лукас Билја. Аргентинецот во претходните три сезони го носеше дресот на Милан, а доаѓа како слободен играч откако летово го раскина договорот со Росонерите.

Искусниот играч за врска во кариерата има играно за Аргентинос јуниор, Индепендиенте, Андерлехт, Лацио и Милан, па малку кој веруваше дека може да заврши во тим како Карагумрук. Билја потпиша договор до јуни 2022 година и треба да биде ѕвезда во тимот кој очекува да се докаже во елитното друштво.

https://twitter.com/i/status/1305529298464444417

 

- Оглас -

Најнови вести