Карим Бензема за Новата година сам се почести со нов автомобил, кој ни помалку ни повеќе, вреди три милиони долари.
Станува збор за супер моќниот „ѕвер“ Бугати Хирон, кој поседува неверојатни 1.500 коњски сили, а максималната брзина му е 420 километри на час, односно развива брзина од 100 километри на час за 2,3 секунди.
Напаѓачот на Реал Мадрид нема проблем длабоко да посегне во ќесето за свое задоволство. Големата плата му озвоможува да го додаде овој убавец на веќе богатата колекција автомобили која му вреди околу 10 милиони долари.