7.8 C
Skopje
среда, 24 декември 2025

Новитет за ВАР во Македонија: Клубовите ќе можат да добијат пристап до снимките и до анализите

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, најави дека од пролетниот дел од сезоната клубовите ќе имаат можност да добијат пристап до снимките и анализите од ВАР-собата. Ова значи дека секој тим кој смета дека бил оштетен ќе може да добие детална проверка на спорните ситуации.

„Клубовите кои имаат забелешки за одлуките на ВАР ќе можат да поднесат официјална жалба до ФФМ. Потоа ќе се организира заедничко прегледување на видеата и слушање на разговорите од ВАР-собата. Овој предлог ќе биде доставен до Управниот одбор на ФФМ, а од пролетниот дел ќе се донесе одлука за тоа како и кога видеата ќе станат достапни за клубовите“, изјави Омерагиќ.

ВАР-системот беше воведен во македонскиот фудбал оваа сезона, непосредно по преземањето на функцијата претседател на Омерагиќ, со цел да се зголеми транспарентноста и ферплејот во домашните натпревари.

- Оглас -

Најнови вести