Новицки и Вејд блеснаа за последен пат пред своите навивачи и рекоа „збогум“ (Видео)

Дирк Новицки и Двејн Вејд ги одиграа последните мечеви во кариерата на свој терен во дресот на Далас, односно Мајами хит. Овие две големи НБА-имиња за последен пат се појавија пред своите навивачи и одиграа блескаво. Новицки даде 30 поени, а имаше и три асистенции и осум скокови на теренот на кој 21 година го бодреше домашната публика.

Со 40 години и 10 месеци, Германецот стана најстариот играч во НБА што постигнал 30 поени, а Далас го победи Феникс со 120:109. По завршување на дуелот, Новицки со солзи во очите соопшти дека тоа е неговиот последен натпревар во таа сала.

https://twitter.com/SportsCenter/status/1115820813675110400

 

Слично простување во Мајами имаше и Вејд. Од 2003 година досега, Вејд само две сезони не ги играше во дресот на Мајами. На последниот меч пред својата публика, Вејд даде 30 поени, а Мајами ја победи Филаделфија со 122:99.

https://twitter.com/SportsCenter/status/1115802185042931714

Во оваа специјална вечер на НБА збогум од претседателската функција за оперативни кошаркарски работи во Лос Анџелес лејкерс кажа и легендарниот Меџик Џонсон.

„“

- Оглас -

Најнови вести