Новицки жали што порано не ја заврши кариерата, сега едвај се движи

Дирк Новицки сигурно е еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња. Германецот одигра неверојатни 21 сезона во НБА лигата и сите ги помина во дресот на Далас маверикс. Се пензионираше на 42 години, а токму поради тоа што толку долго беше во професионалниот спорт, сега „плаќа данок“.

Легендарниот кошаркар вели дека сега едвај се движи и дека едноставно жали што порано не заминал во пензија.

„Не престанувам да размислувам за тоа дека не требаше да ги играм последните две сезони. До, имаше и добри моменти, но на екипата не ѝ одеше најдобро, а јас едвај се движев на теренот. Сега знам дека погрешив. Ако заминев во пензија две години порано, сигурно сега ќе можев многу подобро да се движам. Ќе можев дури и да играм фудбал со моите деца, а сега тоа не можам да го правам. Се обидувам два пати неделно да играм тенис и тоа најчесто го правам во игра на двојки, па понекогаш удирам некој форхенд од основната линија“, вели Новицки, кој во НБА кариерата постигна фантастични 31.560 поени и е на шестото место на вечната листа на стрелци во најсилната кошаркарска лига во светот.

- Оглас -

Најнови вести