Ново гол-шоу на Халанд, Дортмунд го потопи Шалке во дербито на Рур (видео)

Борусија Дортмунд славеше со убедливи 4-0 во дербито на Рур на гости кај Шалке во мечот од 22-то коло во Бундеслигата. Милионерите повторно беа предводени од неприкосновениот Ерлинг Халанд, кој продолжи во голгетерски ритам и на двапати ја тресеше мрежата на Шалке.

По водечкиот гол на Санчсо во 42-та минута, само три минути подоцна Халанд постигна ремек-дело откако во воздужен волеј зголеми на 2-0.

Гостите не застанаа и во второто полувреме, на точно 60 час игра Гереиро погоди за 3-0, па дваесетина минути подоцна Халанд повторно се запиша во листата стрелци и го постави конечниот резултат на „Велтинс арената“.

Дортмунд сега е шести со 36 бода, колку што има и петтопласираниот Леверкузен, додека Шалке со 15-тиот претрпен пораз остана закован на дното на табелата со само 9 бода.

- Оглас -

Најнови вести