Каква мајсторија на Халанд во дербито на Рур: Волеј во стилот на Ибра (видео)
Дортмунд има двојна предност против Шалке благодарение на неприкосновениот норвешки голгетер

Борусија Дортмунд во второто полувреме во дербито против Шалке кое се игра на „Велтинс арената“, влезе со предност од 2-0 благодарение на мајсторијата на Ерлинг Халанд.
Во стилот на Златан Ибрахимовиќ, норвешката сензација со неверојатен волеј удар при скок силно ја затресе мрежата на домаќините в 45-тата минута и го продолжи својот голгетерски ритам. Погодокот на Санчо за 1-0 во корист на Милионерите се случи само три минути претходно.