Ново изненадување од Дурант, во Нетс нема да носи дрес со бројот 35 (Фото)

Еден од најдобрите кошаркари на светот, Кевин Дурант, по трансферот од Голден стејт вориорс во Бруклин нетс објави дека во новата средина ќе носи дрес со бројот 7. Во целата досегашна кариера, Дурант имаше дрес со број 35, но сега ја менува 35-ката со седумка.

Дурант ја носеше 35-ката уште на колеџот Тексас, па во целата НБА-кариера во Сиетл суперсоникс, Оклахома сити тандер и Вориорс. Никој во Нетс нема дрес број 35, тој е слободен, но Кевин смета дека новата авантура и новото поглавје во неговата кариера заслужуваат и нов број.

Некои мислат дека ова го прави од маркетиншки причини, за повеќе дресови да му се продаваат, но експертите не се согласуваат, бидејќи и со 35-ка секако многу ќе се продаваа дресови на Бруклин бидејќи тој е нов играч таму.

Навивачите подолго време, можеби една година ќе треба да почекаат додека да го видат Дурант со дресот со бројот 7, па затоа тука се монтажите да покажат како ќе изгледа КД со „седумка“.

- Оглас -

Најнови вести