Ново коло на Спортска прогноза и нова шанса со натпреварите од топ европските лиги да се дојде до вредни награди

Денеска почнува типувањето за новото 17-то коло на бесплатната наградна игра Спортска прогноза што за вас ја организираат Sport Life и Спорт Манија.

Стандардно, викенд-понудата за новото коло има мечеви од најсилните лиги во Европа кои се играат в сабота и в недела, нема големи дерби-пресметки, но два дуела привлекуваат внимание, тоа е мечот од Бундеслигата меѓу Штутгарт и Ред Бул Лајпциг и дуелот од Серија А меѓу Лацио и Наполи.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас на стартот од зимскиот преоден рок го напушти Наполи и се пресели во Ред Бул Лајпциг, но досега на двата меча во Бундеслигата одигра само неколку минути.

Во Серија А, дерби на колото е дуелот меѓу Лацио и Наполи. Шампионот Наполи сезонава игра далеку под очекувањата и се наоѓа на деветтото место на табелата дури со 21 бод помалку од лидерот Јувентус.

Во сабота се играат пет меча, а колото започнува со дуелите од Бундеслигата меѓу Штутгарт – Ред Бул Лајпциг и Вердер – Фрајбург. По еден меч има од Премиер лигата, и тоа меѓу Фулам и Њукасл, од Лига 1 меѓу Олимпик Марсеј и Монако и од Ла Лига средбата меѓу Мајорка и Бетис.

Во недела има уште осум натпревари, освен дербито Лацио – Наполи, ќе се играат уште три дуели од Серија А, и тоа Џенова – Лече, Монца – Сасуоло и Верона – Фрозиноне. Во останатите мечеви ќе играат Селта – Жирона, Клермон – Стразбур и Ремс – Нант.

Тука се и двата резервни пара Тулуз – Ленс и Фиорентина – Интер.
За погодена 13-ка, подарокот можете сами да си го одберете.

Изборот е меѓу трите понудени варијанти:

Смарт ТВ самсунг 55” 4K,

Xiaomi електричен тротинет и

Сони плејстејшн 5.

Стандардно, подароци има и за прогнозерите што ќе утнат еден пар, ним им следува ваучер од 1.000 денари во Sport Life, а тие со две утки добиваат ваучер од 500 денари.

Прогнозирајте и бидете во трка за освојување примамливи подароци!

- Оглас -

Најнови вести