Новото коло на Спортска прогноза, 19-то по ред, во третата сезона на бесплатната игра ги враќа натпреварите од Англија, а посебно внимание привлекуваат четирите дербија кои се играат в недела низ разни делови на Европа и штета што тие мечеви ќе се играат без публика. Двојките за 19-тото коло веќе се подготвени, можете да типувате на сајтот на Sport Life до сабота во 15.30 часот.
Трката за премијата во секое коло „ајфон 11“ беше многу интересна викендов, имаше еден прогнозер со 12-ка и само еден гол му фалеше да ги погоди сите 13 меча од основната понуда. Тој прогнозер доби ваучер од Sport Life од 1.000 денари, а уште 11-мина играчи си добија по 500 денари за погодени 11 парови.
Новото коло стартува со германските дуели помеѓу Вердер и Аугсбург, односно Келн и Херта. Овие два меча се играат од 15.30 часот. Саботната понуда ја збогатуваат мечевите Блекбурн – Стоук, Торино – Специја, Штутгарт – Борусија Менхенгладбах и Лестер – Саутхемптон. Но, ова е само загревање за она што ќе се случува в недела, ден кога се играат четири дербија.
Неделата стартува со француските двобои Ница – Бордо и Стразбур – Сент Етјен, па португалскиот меч Насионал – Мореиренсе и потоа стартува лудилото како цреша на врвот на тортата.
Вистински предизвик за учесниците во 19-тото коло на Спортска прогноза ќе биде да го погодат исходот на Ајакс – Феенорд кои се лути амстердамско-ротердамски ривали, па на истанбулското дерби Бешикташ – Галатасарај. За крај, два спектакли на историски ривали во топ-лигите кои мора да се видат: Ливерпул – Манчестер јунајтед и Интер – Јувентус.
Колото ќе заврши в недела, а за сите учесници на Спортска прогноза тука се и резервните двојки кои се бројат за Генералниот пласман и кои може да влетаат во 13-ката ако некој некој меч од основната понуда биде одложен.