Мајсторски типуваше, но Горан за еден гол не доби „ајфон 11“ на Спортска прогноза

Само еден гол недостасуваше за да го доделиме мобилниот телефон „ајфон 11“ во 18-тото коло на Спортска прогноза. Горан Н. е мајсторот кој успеа да ги погоди фиксовите на 12 од понудените 13 парови на бесплатната игра на Sport Life.

Феноменални 10 од 10 имаше Горан и беше на чекор од Среќна 13-ка, но тогаш се појави „мината“. Арминија Билефелд минимално со 1:0 ја победи Херта, а „кецот“ не беше опција за најдобриот прогнозер сезонава. Горан имаше одиграни „икс“ на овој дуел од Бундеслигата.

Ако се знае дека Арменија во 15 меча има само еден нерешен резултат, можеби и беше нереално за „икс“, но по првиот дел немаше голови. Погодокот кој „од раце“ му го одзеде „ајфонот 11“ на Горан падна во 64-тата минута. Херта напаѓаше да израмни, но домаќините одлично се одбранија, па на Горан му остана да се задоволи со 12 погодени од 13 понудени средби.

За 12 погодени фикса, Sport Life доделува вредносен ваучер од 1.000 денари. Освен Горан, во ова коло имавме и 11 прогнозери со по 11 погодени натпревари. Сите кои имаат по 11 погодоци ќе добијат вредносен ваучер од 500 денари од Sport Life.

Ова коло е вистински пример дека треба да се игра популарната бесплатна игра која може да ви донесе многу вредни подароци. Веќе утре во 14 часот ќе се знаат паровите за следното коло.

 

- Оглас -

Најнови вести