Ново предавство подготвуваат дел од навивачите на Барселона, а се продаваат билети кои им се купени пред стартот на сезоната и важат и за дуелите во еврокуповите.
Овојпат им се нудат на навивачите на Интер за мечот во Лигата на шампионите што ќе се игра во среда и тоа по различни цени што имаат распон од 60-на евра, па се до 500-600 евра во зависност од позициите на стадионот.
https://twitter.com/contratodo1899/status/1579414200623206401?s=20&t=YWwmNxsNIJx4Yp3zhEJeoA
Ист случај имаше и во април годинава, но тогаш на реванш мечот со Ајнтрахт Франкфурт во четвртфиналето во Европа Лигата.
На трибините на „Камп Ноу“ имаше околу 30 илјади навивачи на Ајнтрахт и тоа голем дел од нив на места што им припаѓаат на најверните навивачи на Барселона, кои им ги продадоа своите билети.
Тогаш се говореше за предавство и се бараше истрага, а Барса загуби со 2:3 и испадна.
Ајнтрахт потоа играше финале против Глазгов ренџерс победи на пенали и го освои пехарот во Европа Лигата.
Барселона задутре го игра клучниот меч за пласман во нокаут фазата во Лигата на шампионите и ако сака да ја продолжи битката за пехарот ќе мора да го победи Интер на домашен терен.
Пред неполна седмица Интер победи на „Џузепе Меаца“ со 1:0 и има шест бода по три кола, зад Баерн со максимални 9, но пред Барса со три и Викторија Плзењ без ниту еден бод.
Двете првопласирани екипи ќе продолжат во нокаут фазата, а третопласираниот клуб ќе се пресели во Европа Лигата.