Звучи трагично и нечовечки, но Делонте Вест како да стана атракција за луѓе кои го препознаваат на улициа и редовно го снимаат со мобилните телефони. Порано важеше за одличен плејмејкер и НБА-ѕвезда, но сега едвај преживува.
Овојпат едно мало дете сакаше да дознае кој е всушност Вест, а мајката на детето зачудено го праша како не успеал да заштеди од милионите долари кои ги заработил во играчата кариера. Одговорите се во најмала рака трогателни.
„Да, играв со Леброн во Кливленд“, започна разговорот, па детето го праша дали Вест бил на популарната видеоигра „НБА 2К“, по што екскошаркарот потврди.
„Продолжи да работиш напорно, обиди се да ги копираш потезите што денес ги прават кошаркарите, гледај нивни снимки и вежбај. Работи на својот сон“, го советуваше Вест љубопитното дете.
„А, како тоа не си заштедил или пак не си инвестирал во некаков бизнис“, продолжи да прашува мајката.
„Ми беше важно целото мое семејство да има удобен живот, децата да се образуваат. Не барам ништо за возврат, сам се борам за својот живот“, одговори Вест.
Shit is heart breaking pic.twitter.com/YmNFwWpDKt
— Que22 (Bruce Wayne ) (@JusAGuyinToms22) July 27, 2022
Подадената рака на Марк Кјубан делуваше половично. Го спаси Вест од сигурна смрт со редовно конзумирање на наркотици, но не успеа целосно да му помогне да застане на нозе. Тој е повторно на улица, проси или бара минимална работа за да заработи за парче леб.