Новата сезона во шпанската Ла Лига започна пред два викенда, но Барселона сè уште има проблем со регистрациите на тројца фудбалери. Жерар Мартин, Војќех Шченсни и Руни Барџи сè уште немаат право на настап, а раководството на клубот напорно работи за тоа да се промени.
Дефанзивецот Мартин ќе биде регистриран кога Ориол Ромеу и официјално ќе го раскине договорот. Ситуацијата со Шченсни е јасна. Ињаки Пења треба да го продолжи договорот и да замине на позајмица за да се направи место за него.
Сепак, најкомплицирана е ситуацијата со новото засилување, Руни Барџи. Иако фудбалерот изјави дека ќе чека колку што е потребно за да биде регистриран, сепак раководството на клубот не размислува така. Барселона треба да најде дополнителни приходи или да продаде некој од фудбалерите за да може Барџи да биде регистриран, но сè погласно се споменува опцијата тој да биде испратен на позајмица во Копенхаген, екипата од која пристигна во Каталонија.

