„Ножички“ и хет-трик на Гуири, прекрасен гол на Гринвуд, убедлив триумф на Марсеј

Олимпик Марсеј успеа да се искачи на второто место на табелата, откако го победи Брест со 4-1. Ова е втора последователна победа на екипата на Роберто де Зерби, која во последните два меча постигна вкупно девет гола.

Веќе во осмата минута домашните стигнаа до водство, по фантастична топка од Луис Енрике, Гуири одлично шутираше и погоди за 1-0.

Во 25-та минута дојде израмнување, откако погоди Сима по корнер и карамбол во казнениот простор на Марсеј.

Еден од оние кои добија критики во изминатиот период, Мејсон Гринвуд, успеа да покаже дека во завршницата на сезоната влегува во добра форма. Упати фантастичен шут од далечина, топката се одби од стативата и влезе во голот за 2-1 за Марсеј.

До крајот на првото полувреме, имаше уште еден бравурозен потег.

Се играше 45-та минута, кога Гринвуд го виде осамениот Гуири кој се постави за „ножички“ и со одличен шут го совлада противничкиот голман за 3-1.

Во 63-та минута уште еден гол во мрежата на Брест. Рабио создаде шанса, испрати одлична топка во средината, таму беше Гуири кој рутински ја искористи ситуацијата и погоди за конечни 4-1.

- Оглас -

Најнови вести