Ножичките на Бејл и последниот меч на Кристијано во дресот на Реал ги засени киксерот Кариус (видео)

Датумот 26 мај е кобен за голманот на Ливерпул Лорис Кариус, главниот актер во финалето од Лигата на шампионите кое се одигра пред две години, а во него славеше Реал Мадрид. Германскиот чувар на мрежата со два големи кикса кои резултираа со погодоци за Кралевите си го одреди понатамошниот тек на неговата кариера.

Прво му подари гол на Бензема за водство на Реал, а во финишот ударот на Бејл му се лизна меѓу ракавиците за конечни 3-1. Киксовите на Кариус се паметат повеќе од велемајсторските ножички на велшкиот офанзивец, како и фактот што тој меч беше последен за Кристијано Роналдо во белиот дрес во кој ја освои петтата европска титула во кариерата.

- Оглас -

Најнови вести