Адријан Нухиу и комплетниот тим на косовскиот првак Дрита се испратени во карантин, а мечот со Линфилд што требаше да се игра денеска од 18 часот е одложен.
Во Нион беше закажано финалето на претквалификациите од Лигата на шампионите, а нашиот познат поранешен ас Нухиу, сега во улога на тренер на Дрита очекуваше победа и пласман во квалификациите во луксузното натпреварување, но сега е сосема извесно дека ќе доживее елиминација на зелена маса.
Постои варијанта што е најавена дека финалето на неутрален терен воопшто и нема да се игра, а шампионот на Северна Ирска, Линфилд, ќе добие гратис место во квалификациите за Лигата на шампионите.
Од таборот на Дрита протестираа со образложение дека УЕФА, која ги спроведе тестирањата на играчите на двете екипи, направила вистински хаос, па имало играчи кај косовкскиот првак што во рок од два дена имале позитивни, па негативни тестови и обратно.