-0.2 C
Skopje
среда, 17 декември 2025

Њујорк никс е новиот шампион во НБА-купот (Видео)

Кошаркарите на Њујорк никс се освојувачи на трофејот во НБА-купот. Екипата од Њујорк во финалето кое се играше во Лас Вегас го победи Сан Антонио со 124:113 и успеа да стигне до својот прв голем трофеј по пауза од 52 години. Последен пат Никси се радуваа на трофеј во далечната 1973 година, кога беа шампиони во НБА.

Во финалето, Сан Антонио водеше во поголем дел од мечот, пред крајот на третата четвртина имаа и највисоки 11 поени предност (92:81), но Њујорк покажа дека има победнички менталитет.

Во решавачката последна четвртина Њујорк започна со серија од 9:1 и го презеде водството (100:95), а потоа не само што не го испушти до крајот на мечот, туку константно го зголемуваше.

Најефикасни кај победничкиот тим беа Оџи Ануноби со 28 поени и Џелен Брунсон со 25 поени. Освен победата и трофејот, секој од кошаркарите на Њујорк си доби одлична парична награда од вкупно 530.933 долари.

 

- Оглас -

Најнови вести