Иако треба да се одигра и реваншот, сепак, Њукасл веќе со едната нога е во финалето на англискиот Лига куп, откако го совлада Арсенал на гости со 0-2. Со ова продолжува фантастичната серија на „страчките“ кои сега имаат седум победи по ред во сите натпреварувања.
На спротивната страна, со поразот од Њукасл, заврши серијата на Арсенал без пораз, која траеше 13 натпревари. Овој пораз за „топчиите“ е прв на домашен терен во сите натпреварувања после девет месецо, односно после првенствениот пораз од Астон вила (0-2) во април минатата година.
Победата за Њукасл ја донесоа Александер Исак во 37-мата и Ентони Гордон во 51-вата минута.