2842 Сивасспор – Бешикташ (17.00 часот)
Ова е дуел од првото коло од групата Д во турскиот куп. Во секоја група има по 6 тима, а најдобрите два одат во четвртфинале. Бешикташ е фаворит во групата, но нема да имна лесна задача на стартот против тим кој истотака е суперлигаш. Бешикташ е во криза, има четири меча по ред без победа. Точно еден месец не знаат за победа. Во лигата, Сивасспор се бори за опстанок, а Бешикташ е дури шести и под местата кои водат во Европа. На последните две гостувања во Сивас, Бешикташ губеше со по 0-1.
Предлог тип: Х2 & 1-3 (1.97)
5602 Ал Хилал – Ал Итихад (18.30 часот)
Дерби од четвртфиналето на Кралскиот куп во Саудиска Арабија, се игра само еден меч, мора да има победник, макар и на пенали. Ал-Наср и Ал-Ахли се во аут, па победникот на вечерашниот дуел ќе биде голем фаворит за освојување на пехарот. Ал-Хилал е најсилен тим, актуелен првак, домаќин е, но и Ал-Итихад е во добра форма, има серија од 11 победи по ред на официјални мечеви. Последниот пораз им беше токму кога му гостуваа на Ал-Хилал. Последните три меѓусебни дуели им беа со 3+голови и погодоци на двете страни. Ал-Итихад четири години не знае за победа над Ал-Хилал.
Предлог тип: 1Х & ГГ (1.85)
1556 Спортинг – Порто (20.45 часот)
Полуфиналето во португалскиот Лига куп носи дерби пресметка на Спортинг Лисабон и Порто. Лисабонските Лавови го победија Порто со 2-0 кога последен пат се сретнаа во август, а нешто порано, истотака во август, Порто во луд суперкуп меч го победи Спортинг со 4-3 откако тимот од Лисабон водеше 3-0. Спортинг е официјален домаќин, но средбата ќе се игра на неутрален терен во Леирија, а Зелено-белите немаат победа надвор од Лисабон откако си замина тренерот Аморим.
Предлог тип: 1-2 I & 1-2 II (2.75)
1092 Арсенал – Њукасл (21.00 часот)
Арсенал и Њукасл во два меча ќе водат битка за пласман во финалето на Лига купот, реваншот ќе се игра на 5-ти февруари. Чавките во претходните три рунди, елиминираа тимови од Лондон, а сега се исправени пред најтешкиот лондонски ривал. Двата тима се во форма особено Њукасл кој на осум меча по ред дава два или повеќе голови. Традицијата е на страна на домашните, Арсенал дома не загубил од Њукасл уште од ноември 2010 година.
Предлог тип: 1X & 2-4 (1.81)
1373 Елденсе – Валенсија (21.00 часот)
Столе Димитриевски ќе има нова шанса да го брани голот на Лилјаците, овојпат во 16-финалето на шпанскиот куп. Валенсија во моментов се бори за опстанок во првата, а Елденсе за опстанок во втората шпанска лига. Секако гостите се фаворити кои првпат во својата историја ќе се сретнат со овој противник и тоа на мал стадион кој има 4.000 седишта.
Предлог тип: 2 (2.00)