23.8 C
Skopje
вторник, 15 јули 2025

Њукасл го активира интересот за Екитике, а Исак е блиску до Ливерпул?

Англискиот премиерлигаш Њукасл активно работи на ангажман на нов напаѓач кој би можел да го замени Александер Исак доколку шведскиот голгетер го напушти клубот и се пресели во Ливерпул. Црвените од Мерсисајд се сериозно заинтересирани за услугите на Исак, а тоа ја принудува управата на Њукасл да бара алтернатива.

Прва цел на Њукасл е 23-годишниот напаѓач на Ајнтрахт Франкфурт, Хуго Екитике. Интересно е што и Ливерпул го следи Французинот, што дополнително ја комплицира ситуацијата.

Сепак, германскиот клуб нема потреба да продава и сака да го задржи еден од своите најдобри фудбалери. Затоа трансферот би можело да се случи само доколку Њукасл ја активира откупната клаузула од 100 милиони евра, нешто што клубот е подготвен да го направи, според информациите од британските медиуми. Покрај тоа, англискиот премиерлигаш веќе започнал преговори за личните услови со Екитике.

Екитике веќе беше трансфер цел на Њукасл во 2022 година, но тогашниот обид беше неуспешен. Поранешниот играч на Пари Сен Жермен блесна минатата сезона со 22 гола и 12 асистенции во Бундеслигата.

Доколку трансферот се реализира, Ливерпул најверојатно ќе го засили притисокот за доведување на Исак, кој и понатаму е нивна приоритетна цел за напаѓачката линија.

- Оглас -

Најнови вести