Њукасл го понижи Тотенхем и му го нанесе најтешкиот пораз во последната деценија

Фудбалерите на Њукасл одиграа неверојатни 20 минути кои им беа доволни да постигнат дури пет гола и да го понижат Тотенхем во натпреварот од 32-то коло во Премиер лигата.

Њукасл на крајот славеше со убедливи 6:1, а по само 20 минути игра водеше со 5:0.
По два гола за Чавките дадоа Џејкоб Марфи и Александер Исак, а по еднаш мрежата на Лорис ја тресеа Жоелинтон и Калум Вилсон. Ова беше најубедлив пораз на Тотенхем во последната деценија, последен пат со пет гола разлика загубил од Ливерпул во 2013 година.

Со победата, Њукасл се зацврсти на четвртото место на табелата со 59 бода, колку што има и третиот Манчестер јунајтед, додека Тотенхем остана на 53 бода.
Во вториот меч , Вест Хем како гостин со 4:0 славеше над Борнмут.

Марко Антонио, Лукас Пакета и Деклан Рајс се запишаа во листата на стрелци во првото полувреме, а во вториот дел, конечниот резултат го постави Форналс.

- Оглас -

Најнови вести