Њукасл го уништи Арсенал и оди во куп-финале на „Вембли“

Њукасл и во реваншот го победи Арсенал со 2-0 како и на првиот меч, па заслужено ќе игра финале на Лига купот. На „Вембли“ ривал на Чавките во финалето ќе им бидат Ливерпул или Тотенхем, кои утре го играат реваншот, а првата средба ја доби лондонскиот тим со 1-0.

Марфи и Гордон беа стрелци на головите за Њукасл за запечатување на судбината на Арсенал.

Њукасл 70 години нема освоено трофеј во некој од англиските купови, а ова ќе им биде второ финале во Лига купот во последните три години.

- Оглас -

Најнови вести